Уште еден силен земјотрес во Турција
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2017
Нов силeн земјотрес имаше во Турција, откако пред неколку дена земјата доживеа неколку потреси од 5 степени.
Новиот земјотрес е регистриран во 10:55 часот по македонско време и е со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на длабочина од 2 км и се наоѓал на 14 западно од градот Бехрам, провинција Чанаккале. Тоа е на 22 километри југозападно од Ајвачик, на 56 километри од градот Митилини, Грција, и на 149 километри северозападно од Измир, Турција.