Уште еден слаб земјотерс – се тресе и Балканот
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2016
Утрово во 8.10 часот беше измерен земјотрес од 2,9 степени според Рихтер во Скопје.
Синоќа пред 20 часот во скопскиот регион се регистрирани два последователни земјотреса. Првиот бил со магнитуда од 2.4, а вториот од 4 степени. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското подрачје.
И Балканот се соочува со земјотреси. Во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 25 земјотреси. Тие со помали магнитуди, меѓу 2-3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотрес утрово е регистриран на островот Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Во изминатото деноноќие потреси имаше и во Бугарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Италија и Македонија. Сепак, најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција.