УШТЕ ЕДЕН УДАР: Tропска бура во Мексико
Објавено во: Свет 24 Септември, 2017
Тропската бура Пилар ги зафати бреговите на Западно Мексико, при што имаше поројни дождови.
Бурата утре се очекува да помине крај мексиканското одморалиште Порто Ваљарта.
Американскиот центар за урагани објави дека ветровите што ја придружуваат бурата Пилар утрово биле со максимална брзина од 75 километри на час. Во тоа време бурата се наоѓала на 95 километри јужно од Кабо Кориентес, а сега се движи кон северозапад со брзина од околу 10 километри на час.
Во следните два-три дена Пилар ќе остане многу блиску до брегот, но нема да добие силина на ураган.
Мексико месецов се соочи до два силни земјотреси, а се очекува да еруптира и вулканот Попокатепетл.Експертите, сепак, сметаат дека оваа ерупција на вулканот не е поврзана со серијата земјотреси, што изминативе две недели погодија делови на Мексико.