Добивај вести на Viber
Продолжение на акционерското собрание на Охис. Вчера не се изгласаа сите точки на дневниот ред, па седницата е презакажана за наредната недела, на 24 октомври. Не е познато кои точки се поминати, но познато е дека на дневниот ред требаше да се најде и точката за доделување награда за членовите на надзорниот одбор на ОХИС, државна компанија која тоне во долгови. Токму ова предизвика најголем револт кај близу 500 вработените во Охис кои протестираа пред Владата, поради 14 неисплатени плати. На собранието треба да се гласаат и други точки како и годишниот извештај за работењето на ОХИС за лани, годишната сметка, финансиските извештаи, извештајот за ревизијата на финансиските извештаи, извештајот од надзорниот одбор за годишната сметка и за финансиските извештаи за минатата година.