Уште една земја го повлече признавањето на Косово
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2017
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Гвинеја Бисао ја повлекла одлуката за признавање на Косово од 2011 година.
Како што кажа Дачиќ за тоа бил известен од премиерот на земјата и додаде дека за повлекувањето на признавањето Гвинеја Бисао испратиле дипломатска нота до официјална Приштина.
Дачиќ на 31 октомври изјави дека Суринам ја повлече одлуката за признавање на независноста на Косово.