29 Март, 2024
0.0260

Уште едно одложено рочиште за процес на СЈО

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За процесот „Тврдина 2“ СЈО да бара објаснување од Дирекцијата за заштита на класифицирани податоци. Ова е исходот од денешното рочиште кое никако да почне.

Следно подготвително рочиште е закажано за 13 март.

Од СЈО тврдат дека не бараат доказите кои сака да ги употребат во случајот да бидат декласифицирани, туку да може да ги видат и слушнат лица кои имаат обезбедено безбедносен сертификат.

На подготвителното рочиште беше утврдено дека една од адвокатите на обвинетите Јована Тасевска нема безбедносен сертификат, што значи дека доколку не го набави истиот, нема да може да изврши увид во доказите кои се сметаат за класифицирани.

И на ова рочиште не беше дозволено медиумите да ги снимаат обвинетите седнати на обвинителна клупа.

На судењето денеска беа поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и шесте негови колешки, кои се товарат за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.

Судот на претходното рочиште го задолжи СЈО да обезбеди дозвола од УБК за да ги користи доказите кои биле доверливи и за добивање потврда кои од податоците можат да бидат јавни, а кои остануваат доверливи.

Вработените во УБК се обвинети дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата