25 Април, 2024
0.0457

Уште многу работа за Индија

Објавено во: Анализа 23 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Индија е најголемата демократија во светот и втора најголема држава по население. Независна од 1950 година и има економија која тежи близу два трилиони долари. Дел е од БРИКС петорката на нови силни економии кои се очекува да го доминираат светот во овој милениум. Една од главните предности кои ги има оваа земја е што има исклучително образована и млада нација која може да ја придвижи земјата напред. Сепак Индија има повеќе од една милијарда жители и претставува навистина голем предизвик да се одржи силното темпо на раст. И покрај растот кој го има Индија таа мерено по глава на жител е во основа доста сиромашна земја. Просечно многу посиромашна од Македонија. Со само 1388 долари по глава на жител (БДП) таа е дури на 140то место во светот. Еден од најголемите проблеми и предизвици на Индија е инфраструктурата. Пред некој месец се остварија црните прогнози на бизнисите во Индија кои велеа дека земјата има енергетска инфраструктура која во секој момент може да колабира. Кога падна системот 670 милиони луѓе во земјата останаа два дена без струја. Неколку месеци подоцна ситуацијата не е воопшто променета. Бизнисите се во страв дека вакво помрачување може повторно да се случи. Ваквите испади се апсолутно недозволиви и може да имаат големи последици за економијата. Само за пример да кажеме дека губитоците во САД на електрична енергија изнесуваат максимум 10% (САД се земени како пример бидејќи се најсилната екномија). Во Индија загубите надминуваат неверојатни 50%. Големата сиромаштија и големиот број на луѓе си го прават своето и мрежата постојано трпи оптеретување и толкму ова е главната причина поради која се случуваат овие испади. Според проценките на експертите на Индија ќе и бидат потребни дури еден трилион долари за да може да воспостави систем кој ќе може да обезбеди квалитетно стабдување со струја. И тие инвестиции се очекува да дојдат од приватниот сектор. Но тука проблеми не завршуваат, Индија како што рековме има голема стапка на сиромаштија, а тоа значи дека струјата се продава по многу ниски цени со цел да не се наруши социјалниот мир. Па така државната компанија генерираше долг од фрапатни 35 милијарди долари кои беа реструктуирани во еден дел и згора на тоа државата превзема 50% од долгот. Без дилема ќе мора да се најде некое решение бидејќи мрежата е застарена, инвестиции нема бидејќи приватниот сектор многу тешко се решава за вакви потфати. Најверојатно ќе биде потребно некое учество или гаранции од државата. Во секој случај сеуште се далеку од решавање на проблемот и ова е несомнено една отворена рана за економијата на втората најголема земја во светот. Редакција Фактор