19 Април, 2024
0.0231

Уште Зврлевски да биде сменет па ќе „тргне“ со реформите

Објавено во: Анализа 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител Марко Зврлевски наместо да биде разрешен во брза и ефикасна собраниска процедура својот мандат продолжи да го извршува речиси цел месец повеќе. Денес треба да продолжи собраниската седница на која ќе се дебатира неговото разрешување но, можни се нови и дополнителни одложувања доколку пратениците на опозицијата се решат на бескрајни реплики и контра реплики. 

Токму останувањето на Зврлевски на чело на Јавното обвинителство на Република Македонија се смета за голем застој и на отпочнувањето на реформите во правосудството бидејќи за сегашната власт тој е еден од главните виновници за партиски влијанија и непостоење на правдата.

- Реформите во судството не можат воопшто да почнат ако Марко Зврлевски бесконечно и безобразно им пркоси на државата и општеството, изјави вчера премиерот Зоран Заев. 

Новата власт секако, на располагање има многу повеќе инструменти на располагање доколку сака вистински реформи во правосудството и не може целиот процес на „враќање“ на правдата да зависи само од еден човек, без оглед дали тој навистина работи целосно под партиски команди или не. 

Очигледно е и дека Владата полека се откажува од идејата за генерален реизбор на судиите за што нема да добие поддршка од меѓународната заедница, а досега не достави ниту јасен план како ќе ја постигне посакуваната независност на судиите и јавните обвинители. Чекаме Зврлевски да биде сменет за што можеби ќе бидат потребни неколку денови, па да се избере нов јавен обвинител, па да се донесат негови заменици и итн...Уште колку до вистинските реформи во правосудството останува да видиме.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза