Добивај вести на Viber
Економски раст од 1,6 отсто забележа Турција во третиот квартал што претставува значително успорување на годишно ниво, покажаа официјалните податоци. Кога се работи за растот во девет месеци заклучно со септември, тој изнесувал 2,6 отсто, што е значајно под прогнозата на официјална Анкара од 3,2 отсто.
- Се надевам дека податоците за последното тромесечје оваа година ќе бидат позитивни - изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, додавајќи дека успорувањето на стопанскиот раст е последица од падот на домашната побарувачка.