25 Април, 2024
0.0291

Уставен ја откочи исплатата на субвенциите

Објавено во: Агробизнис 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мандатот на градоначалниците доби црвено, но затоа за исплатата на субвенциите светна зелено светло од Уставниот суд кој денеска се произнесуваше по иницијативите со кои се оспоруваше членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик.

Уставниот суд донесе одлука со која што субвенциите може да се исплатат и само времено ја отстрани пречката за исплата на парите.

Судот поведе постапка за оценување на уставноста, за членот 8а од Изборниот законик и член 11 од Законот за спречување корупција, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на овие одредби до конечна одлука што треба да ја доне се судот, што практично значи дека до конечната одлука субвенциите може да се исплаќаат.

Сепак од Министерството за финансии велат дека одлуката уште не ја добиле.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари