Утре ново задолжување, во среда раздолжување
Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2017
Владата утре од домашните кредитори ќе побара 31.700.000 евра.
Парите ќе ги обезбеди преку аукција на државни хартии од вредност. Сумата којашто утре ќе биде позајмена ќе треба да се врати со темпо од една, две и 15 години.
Од СДСМ велат дека власта во заминување не смее да прави ништо што е на штета на граѓаните на Република Македонија.
Задутре по основ на досепани долгови државата ќе врати 15 милиони евра. Од СДСМ побараа од министерот за финансии, Кирил Миновски да објасни за што ќе се искористат парите од новото задолжување и зошто се побаруваат 15 милиони евра повеќе од доспеаните обврски.
Според последните објавени податоци од Министерството за финансии заклучно со третиот квартал од 2016-та година, јавниот долг достигна скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од бруто домашниот производ.