29 Март, 2024
0.0295

70 денари чаша вино-утре се отвара ВиноСкоп

Објавено во: Агробизнис 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Утревечер, во 21 часот ќе биде отворен шестиот традиционален фестивал за промоција на виното ВиноСкоп на плоштадот Македонија. „Ова е традиционална манифестација што ја организира Град Скопје. Целта е да се афирмира производството на вино во Република Македонија, како и да се промовираат македонските вина во државата и надвор од Македонија“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција. Фимка Шопова Темова од Организацискиот тим на овој фестивал информира дека и годинава, посетителите во виното и храната може да уживаат преку принципот на ваучери. Основната цена на едно вино или минималната ќе биде 70 денари, а понатаму винариите ќе одредуваат, во зависност од квалитетот на виното кое го продаваат. Новина годинава се сувенирите од фестивалот, маички со различни апликации, беџови и брендирани чаши со логото на фестивалот кои ќе можат да се купат на плоштадот Македонија. Годинава на ВиноСкоп ќе се претстават 19 винарници, меѓу кои Стоби, Тиквеш, Бовин, Сковин, Шато Камник, Шато Сопот, Попов, Попова Кула,Филовски, Визба Валандово, Вардарска Долина, Картал, Пивка,  Дудин, Изворно, Имако, Винарија Охрид, Пирган и Бахус-Алтан ракија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи