24 Април, 2024
0.2425

Утре започнува LEGO фестивал во Skopje City Mall

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ексклузивно во Skopje City Mall, започнувајќи од утре па сѐ до 26.03 посетители од сите возрасти ќе имаат можност да го посетат LEGO® фестивалот и да ја почувствуваат LEGO магијата и светот на LEGO коцките.

“Ова е наша 5-та успешна година и затоа одлучивме да ја започнеме со едно интересно искуство и во знак на благодарност на нашите верни посетители да им понудиме настан од ваков тип – интернационален фестивал кој е под франшиза на TheLEGO Group. Ќе бидат прикажани над 20 LEGO® фигури, децата ќе можат да играат во 5 LEGO® зони, а најголема атракција ќе бидат 8те LEGO® глави кои се изработени од LEGO® сертифицираниот професионалец Дирк Дeнојл (од вкупно 15 во светот). Да сумирам, ова ќе биде најатрактивниот настан за сите генерации кој некогаш се реализирал во нашата држава, кој воедно ќе придонесе за доближување на нашата детска култура до европските трендови.“ - вели Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

LEGO®производите постојано се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот. На овој фестивал сите ќе можат да уживаат и да го разбудат детето во себе со овие безвременски играчки, а воедно ќе можат да ја изразат бујната имагинација преку различни работилници и натпревари. Организацијата на овој настан ја поддржаа Лајка Мобајл, ЕВН и КРШ Тојс.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка