25 Април, 2024
0.0274

ВАКА РАБОТИ СРПСКИ ДОМАЌИН: Од дуќан со 16 квадрати до сериозен бизнис

Објавено во: Економија, Балкан 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Сопственикот на фирмата КМН од Чачак, Србија Милоје Стевановиќ во 90-те предвидел дека многу фирми ќе се распаднат и затоа решил да основа свој бизнис. 

„Одлучив во склад со моите скромни средства да основам трговска фирма во 16.5 квадрати со околу 200 артикли. Тогаш во нашето семејство бевме четири членови и почетните букви од имињата беа КМН. Сопругата е Нада, а ќерките се Катерина и Марија. Тоа К ми е графички дуплирано заради мене“ - вели тој. 

Тој и сопругата работеле макотрпно. Цели 12 години работеле во 3 смени и не го затворале дуќанот, дури и за време на бомбардирањето тие работеле. Од мала продавница почнале и прераснале во маркет со 12.000 артикли. 

„Потоа купивме стара куќа во центарот на Чачак и полека ја претворавме во нов дуќан, но и место за производство. Дојдовме на идеја на нашите презафатени клиенти да им понудиме исхрана на автохтон начин. Почнавме да отвораме работилници во кои подготвувавме храна како што тоа го правеле нашите стари за празници и слави. Без адитиви, без конзерванси, без хемија,  без лага и измама. Тоа луѓето го препознаа и почна да оди „како алва“- објаснува Стевановиќ. 

Потоа почнале да работат и во месарска работилница, правеле салати, топли предјадења. 

Секој ден правеле по 400 видови јадења. 

Околу 500 селски домаќинства за нив прават врвна храна. 

На Стевановиќ му успеа тоа што на други не им успеа во Србија, да направи фирма во која 3 генерација ја учи работата. 

Во Белград отвориле продавница - ресторан каде за 10 часа купуваат 1.000 купувачи. 

Во последните 5-6 години фирмата многу им напреднала, со вложен труд на неговите деца, сопругата и зетовците. 

Стевановиќ објаснува дека за бизнис не е пресуден капиталот, туку знаењето и волјата за работа. 

На другите им порачува ако имаат идеја, да не се откажуваат и никогаш не е доцна. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди