28 Март, 2024
0.0371

Вакцина против јазлеста кожа примија 160.000 говеда

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Вакцина против болеста  јазлеста кожа примија 160.000 грла говеда.

Тоа е околу  60% од вкупниот број грла, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски по посетата на Штип.

Вакцинацијата се реализира без проблеми и треба да заврши до крајот на месецов.

„Болеста стагнира, односно се стопира со вакцинацијата која досега опфати околу 155.000 до 160.000 грла или 60 отсто од вкупната популација говеда. До крајот на овој месец треба да се изврши целосна вакцинација на сите грла на добиток“ - вели Поповски.

Според него, некои сточари, поради бизнис интереси или под влијание на членови на опозицијата, не ги даваа своите говеда заразени со „јазлеста кожа“, поради што болеста се рашири низ источниот и северниот дел на земјата. Директорот вели  дека досега се одземени околу 2.100 говеда. Додава дека оваа бројка може да биде поголема иако болеста стагнира, токму поради нејзиното ненавремено пријавување.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи