16 Април, 2024
0.0253

Валутните пазари забележаа незначителни промени на девизните курсеви

Објавено во: Економија 20 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Фокусирани на претстојните избори за горниот дом на јапонскиот парламент, во петокот валутните пазари забележаа незначителни промени на девизните курсеви во кои доминираа јапонскиот јен и австралискиот долар.

Американскиот долар во таквата атмосфера на пазарите ја достигна највисоката вредност во однос на јапонскиот јен во последната седмица за дополнително да се стабилизира на 100,31 јени, што значи дека бил во загуба во однос на јапонската валута за 0,1 отсто во споредено со затворањето на тргувањето во четвртокот.

Во однос на еврото, американската валута остана речиси непроменета па со единствената европска валута се тргуваше по 1,3019 долари. Индексот на американскиот долар, пак, во однос на кошницата клучни светски валути се спушти за 0,1 отсто, на 82,754 поени.

Во таквата атмосфера австралискиот долар зајакна во однос на американскиот за 0,5 отсто, и со него се тргуваше по 92,11 американски центи.

Вниманието на пазарите беше насочено на претстојните избори за горниот дом на парламентот на Јапонија. Анкетите покажуваат дека владејачките либерални демократи на премиерот Шинзо Абе и нивниот коалициски партнер Нова партија Комеито ќе обезбедат комотно мнозинство. Таквиот резултат од гласањето на премиерот Абе му обезбедува широк простор за маневрирање и за преземање мешавина од мерки коишто одредуваат извонредно блага монетарна политика ,засилена јавна потрошувачка и структурни реформи, што би можело силно да го притисне јенот.

„Судејќи според сé, доколку нема големи изненадувања, Абе веројатно ќе ја консолидира власта и ќе продолжи со благата фискална и монетарна политика", проценува за „Reuters“ Борис Шлосберг од њујоршката компанија „BK Asset Management".

Јенот, така најверојатно, и натаму ќе биде ранлив на силното ублажување на монетарната политика во Јапонија, додека американскиот долар го поддржуваат солидните изгледи дека американската централна банка во втората половина од годината ќе ги намалува поттикнувачките мерки за економијата.

Меѓу другите валути коишто се истакнуваа во петокот, беше и австралискиот долар, кој зајакна откако кинеската централна банка ги најави долгоочекуваните измени во постапката за одредување на клучните каматни стапки, што би можело да ги намали трошоците на финансирањето за компаниите. Кина, инаку, е значајна дестинација за австралискиот извоз.

Народната банка на Кина, така, во петокот, ја укина минималната камата за банкарските кредити.

Можеби ќе ве интересира

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила