30 Септември, 2016
0.8934
    ALK 5399.21    0.01%     GRNT 529.87    0.54%     KMB 2411.36    -0.43%     LOZP 2100    0%     MPT 24399    0.32%     MTUR 3467.92    0.23%     OHB 3280    0%     SBT 1162.62    -6.99%     STIL 58    -9.38%     VITA 8343    3%

„Ван Хол“ работи со полна пареа – извезени 100 автобуси во САД

Објавено во: Економија 19 Март, 2014

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ најавува дека има намера бизнисот во Бунарџик да го прошири со уште една производна лента. Компанијата веќе извезла 100 автобуси во САД од погонот во Македонија, а планира проширување и на европскиот пазар. „Во употреба се веќе три од четирите производни линии и работат со полн капацитет. Во втората половина од годинава во нашиот производен план ќе ги воведеме и моделите за европскиот пазар. Нашата интенција е во првата фаза да произведеме меѓу 400 до 500 возила годишно“, изјави Филип Ван Хол, сопственик и директор на компанијата. Тој денеска во Бунарџик ги прими вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за странски инвестиции Веле Самак кои отидоа да проверат како им оди работата на странските инвеститори. Во моментов во фабриката вработени се 430 лица. Компанијата активно соработува и со македонски фирми, на кои им го отвора патот и кон Европа. „Дел од компаниите кои доставуваат делови за Ван Хол во Бунарџик, ќе бидат користени како добавувачи и за нивната фабрика во Белгија, што значи дека ефектите за зголемување на производството како резултат на странските инвестиции веќе се чувствуваат“, вели Пешевски. Договори се склучени со „Унипласт“ од Струга за пластични делови и со „Актива“ од Штип кои за „Ван Хол“ изработуваат делови за шасии.

Можеби ќе ве интересира

Енергетската иднина на Македонија мора да биде „зелена“

Енергетската иднина на Македонија мора да биде „зелена“

Сите се грижеа, но Брегзит прави чуда - Британија покомпетитивна од било кога

Сите се грижеа, но Брегзит прави чуда - Британија покомпетитивна од било кога

Да се одложи оценувањето на административците - бара Кирацовски

Да се одложи оценувањето на административците - бара Кирацовски

Се фрла храна која може да се даде на сиромашните

Се фрла храна која може да се даде на сиромашните

НБРМ: Се потврди стабилноста и издржливоста на македонскиот банкарски систем

НБРМ: Се потврди стабилноста и издржливоста на македонскиот банкарски систем

Што одлучи ОПЕК за производството на нафта?

Што одлучи ОПЕК за производството на нафта?

Секретаријатот за Европски Прашања работи по балкански правила?!

Секретаријатот за Европски Прашања работи по балкански правила?!

Хаџи-Aнгелковски: Македонија ја отвора вратата за промени!

Хаџи-Aнгелковски: Македонија ја отвора вратата за промени!

Нов директор во ЕЛЕМ Христијан Мицкоски

Нов директор во ЕЛЕМ Христијан Мицкоски