24 Април, 2024
0.0254

Македонија има кадар за производство на автобуси, Ван Хул само нека најде пазар за продажба!

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Белгиската фирма Ван Хyл која гради фабрика за производство на автобуси во Технолошко индустриската развојна зона - Скопје 2 во Бунарџик бара кадар. Според огласот кој белгискиот инвеститор го објави во дневните весници за почеток во фабриката се потребни работници за 35 работни позиции. Компанијата во Македонија планира да произведува автобуси за меѓународни пазари,  а бара работници  од техничките насоки  за  разновидни позиции, тим лидери, заварувачи, столари, електричари, механичари, контролори, координатори, асистенти.... Минимум услов за дел од работните позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока и соодветно работно искуство, за дел одлично познавање англиски јазик, а за дел завршено високо образование. Евтината работна сила, клучна за инвестицијата во Македонија Во ексклузивното интервју кое сопственикот на сопственикот на Ван Хул Македонија, Филип Ван Хул, го даде за Фактор, вели дека основната причина што решиле да инвестираат во Македонија е ефтината работна сила.
„Трошоците за работна рака учествуваат со голем процент во производството или над 75% во вредноста на производот.Со оглед на тоа што во последно време се зголеми конкуренцијата од Турција, Полска и Чешка на европскиот пазар и Кина и Мексико, за пласман на американскиот пазар ни треба фабрика каде што ќе произведуваме со ниски трошоци за работна сила“ вели Ван Хул во интервјуто.
Тој вели дека и упорноста на Владата и министрите за странски инвестиции биле едни од клучните моменти кои ги натерале да решат да градат фабрика во Македонија.
„Пакетот на олеснувања за странски инвеститори, беше предност. Ме привлече и директниот контакт на владините претставници со инвеститорите и можеме лично да ги контактираме и да добиеме одговор за било кој проблем за многу кратко време. Ова е многу важно за привлекување на странски инвеститори. Ние сега сме како партнери, што не е случај со другите земји“ потенцира Ван Хул во интервјуто.
Ван Хул планира да вработи до 500 лица во новата фабрика Изградбата на фабриката за автобуси на „Ван Хул“, почна во јули минатата година, како инвестиција вредна 20 милиони евра, што треба да овозможи вработување на 400 до 500 лица. Се очекува дел од кадрите да се регрутираат и од поранешните македонски фабрики за автобуси, како ФАС. Покрај новите работни места, се очекуваат позитивни ефекти од инвестицијата и за домашни фирми што ќе имаат можност за соработка, како и зголемување на македонскиот извоз. Белгиската компанија „Ван Хул“ одлучи да инвестира во Македонија по контактите што ги иницираше македонската Влада и реализирањето економски презентации на можностите за инвестирање во државава. При стартот на изградбата на производствениот капацитет директорот на белгиската компанија „Ван Хул“, Филип Ван Хул истакна дека за успех на инвестицијата ќе се потпре на образованието на младите генерации во техничките училишта и одличните македонски универзитети и на големото искуство во производство на квалитетни автобуси што во минатото биле произведувани во Македонија. Со реализацијата на нивната инвестиција, од зоната Бунарџик првпат ќе се извезува готов производ, технолошки високософистициран на високософистицирани пазари, кој ќе го носи знакот дека е произведен во Македонија. Според најавите од инвеститорот, новиот капацитет на „Ван Хул“ ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни, а се очекува да почне да произведува автобуси во првиот квартал од 2013 година. Целта на белгискиот инвеститор е да ја реализира американската нарачка од 400 автобуси од која првите 50 треба да се извезат од погоните на фабриката веќе од крајот на 2013 година. По оваа нарачка, компанијата ќе воведе два нови модела на автобуси, а полниот капацитет што треба да се постигне е годишно производство од 400 автобуси. „Ван Хул“ е семејна компанија за прозводство на автобуси и индустриски возила основана 1947 година. Во фабриката во Белгија вработува 4.000 лица, а годишното производство изнесува околу 1.200 автобуси и 4.000 други возила. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра, а над 80 отсто од производството е наменето за извоз.  

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска