Вараждинка во Дубаи: Луѓето овде се прилагодуваат и се отворени за нови идеи
Објавено во: Финансии, Балкан 03 Јануари, 2017
Дијана Дивјак од Вараждин заминала во Дубаи за да работи и вели дека таму луѓето се прилагодливи и отворени за нови идеи.
Таа веќе две и пол години живее во Дубаи, и вели дека нејзе мотив за да замине од Хрватска и бил космополитскиот дух, а не незадоволство.
Раскажува дека е убаво да се живее на место каде е сончево и топло.
Во Дубаи и понудиле услови за работа кои неа и одговараат.
Раскажува дека за една недела ги прибрала потребните документи, а за превоз и сместување и помогнале шефовите.
Олеснително за неа било тоа што го знае англискиот јазик.
Таа прво нашла работа, па потоа заминала, а ако се направи обратно, вели дека може да поминат три месеци додека се пронајде на лице место работа.
Додава дека Законот за работа ги штити работниците, и тие максимум работат по 48 часа неделно.
„Здравственото осигурување е приватно, го плаќа работодавачот, но не покрива сè. Најмногу ми недостига семејството и пријателите, и зеленилото во Загреб“ - вели таа.
Она што посебно ја воодушевува е што има луѓе од целиот свет.