28 Март, 2024
0.0279

Вчера задолжување, денес раздолжување, па отчет пред ММФ!

Објавено во: Финансии 03 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Државата вчера бараше околу 100 милиони евра, а се задолжи за речиси 140 милиони евра. Станува збор за две аукции на записи, една аукција на петгодишна обврзница и една на тригодишна. Веќе денес по основ на доспеани хартии од вредност, Владата во реалниот сектор треба да врати 100.6 милиони евра.  Последните расположливи податоци од министерството за финансии покажуваат дека во првиот месец од годинава продолжил трендот на задолжување на Владата. Јавниот долг заклучно со февруари сочинува 33.3 проценти од бруто домашниот производ. Минатата година Македонија заврши со долг од 32 проценти од БДП. За само два месеци вкупниот долг на централната влада има пораст од над 170 милиони евра. Денес се очекува делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од Ивана Владкова Холар да пристигне на редовни консултации во Македонија. Под лупа ќе бидат ставени вкупната фискална - односно буџетска политика на Владата. Ќе се анализира издржливоста и буџетската кондиција за навремено измирување на долговите. Тимот ќе изврши ревизија на кредитната линија за внимателност, која Владата ја зема во 2011 година. Тој кредит првично беше одобрен во висина од 480 милиони евра, за Владата да се одлучи да повлече 220 милиони евра. Тоа се случи непосредно пред вонредните праламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка