20 Април, 2024
0.0352

СТАВ САМИ БИСЛИМИ

Веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Владата догодина дефицитот ќе го покрива со издавање на нова еврообврзница. Со новиот Предлог- Буџет за 2017 година, буџетксиот минус кој е проектиран да изнесува 302,5 милиони евра , ќе се покрива со издвање на нова евробврзница на меѓународниот пазар, задолжувања кај домашните банки и кредити од меѓународни институции. Долгот неминовно ќе расте најмалку до нивото на буџетскиот дефицит, веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме“, вели за Фактор универзитетскиот професор Сами Бислими, од Универзитетот ФОН.

„Буџетот претставува инструмент на фискалната политика, но и еден од најзначајните инструменти на макроекономската политика. Преку Буџетот се очекува реализација на фискалните цели, како и реализација на основните макроекономски цели. При проекцијата на макроекономските цели, треба да се  води сметка за природата, карактерот, степенот на важност-приоритет, како и степенот на остварливост на целите. Од осамостојувањето до денес проектираме скоро исти цели, но секоја година потфрлуваме во нивната реализација, што значи дека, проектираните цели се повеќе личат на некаков список на желби, но не и на вредности кои што сме во состојба да ги реализираме. Таков е случајот и со Предлог-Буџетот за 2017 година. Имено, се предвидува раст на приходите и расходите на буџетот, но на која основа? Уште немаме податоци за третото тромесечје од тековната година. Со која веројатност се оперира дека, тековната 2016 година ќе ја завршиме со раст од  1,5%, 2 0% или 2,5 %, па на таа основа да се предвиди раст на бруто-домашниот производ во 2017 за цели 3,0 %? На кој дополнителен капацитет на домашната економија се смета при предвидување на растот на БДП од 3,0%? Како е можно да се очекува повисок раст на домашната потрошувачка при понизок раст на доходот? Од нивото на ефективниот БДП зависи и обемот на фискалните приходи, т.е. фискалниот капацитет, освен ако не се планира раст на фискалната пресија.Но, нема потреба од тревога, секоја година имаме најмалку еднаш ребаланс на Буџетот, така што, секое потфрлување во приходната страна во Буџетот ќе се промени, со цел да се постигне буџетска рамнотежа.  Проектираниот буџетски дефицит ќе се покрие со ново задолжување. Долгот неминовно ќе расте најмалку до нивото на буџетскиот дефицит, оти,  фискалниот капацитет на домашната економија, при постојното ниво на фискално оптеретување е недоволен за покривање проектираното ниво на буџетска потрошувачка. Веќе не е прашање на денот дали ќе се задолжуваме, туку колку ќе се задолжуваме“, вели универзитетскиот професор Сами Бислими.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин