26 Април, 2024
0.0273

Вељановски на консултации со Марјанчо Николов

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во функција на преземање чекори и мерки за непречено одвивање на работата на Собранието на Република Македонија и неговите работни тела, денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го повика на консултации претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов. Претседателот Вељаноски изразил загриженост поради изјавите во медиумите на Николов околу можното недонесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година и временото финансирање на државата во наредната година. На средбата, на Николов јасно му било ставено до знаење дека доколку во наредните денови динамиката на работење на Комисијата за финансирање и буџет не се забрза и со тоа не се покаже извесност за нејзино навремено завршување, тогаш претседателот на Собранието Вељаноски непосредно ќе преземе мерки за нејзино деблокирање.
Со оглед дека во текот на вчерашниот ден слична изјава, во која може да се забележи непознавање на постапката за носење на Буџетот, даде и потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, Вељаноски побарал од Николов да се изјасни дали од негова страна како претседател на Комисијата постои реална подготвеност и капацитет да ја заврши комисиската работа во предвидениот рок.
- Донесувањето на така значаен акт како што е Буџетот на Република Македонија никогаш не бил и не смее да биде заложник на политика на условување и пазарење по секоја цена која ја промовира Јовановски, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието. 

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија