20 Април, 2024
0.0294

ВЕЛЕШАНИ ПОД ЛУПА: Американските медиуми им ги ловат лажните вести!

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Откако се здобија со „светска слава“, Македонците кои објавуваат лажни вести за американскиот претседател Доналд Трамп немаат мир од медиумите низ целиот свет. Нивните интернет портали и „Фејсбук“ страни преку кои ги шират сензационалните информации на кои се палат поддржувачите на Трамп, постојано се под надзор.

Лажна вест „се врати од мртвите“ благодарејќи им на про-Трамп интернет порталите и „Фејсбук“ страните кои ги менаџираат луѓе од Македонија.

Оваа информација ја објави „Базфид њус“ кој го следи секој чекор на велешани и им ги „лови“ лажните вести кои ги споделуваат илјадници Американци.

На 4 јануари, еден интернет сајт за пропагандни вести „The Seattle Tribune“ објави лажно тврдење дека камион удрил во шест анти-Трамп демонстранти. И покрај тоа што сторијата беше брзо разоткриена и натаму има повеќе од 170.000 споделувања, реакции и коментари на „Фејсбук“.

Сега, оваа иста стара лажна вест, повторно се шири благодарејќи на интернет порталите и „Фејсбук“ страните поврзани со Македонија, кои ги разоткрија повеќе странски медиуми дека објавуваат невистините информации во прилог на Трамп.

Трите портали кои ја објавија лажната вест за судирот меѓу камионот и демонстрантите, имаат сличен дизајн и сите го копирале текстот претходно објавен во „Сиетл Трибјун“.

Веста од „USPoliticsLeader.com“ има 50,000 споделувања, реакции и коментари на „Фејсбук“. Верзијата на „DailyUSAUpdate.com“ стасала до 20.000, а на „OpenMagazines.com“ има 700 реакции. Сите се објавени на 6 февруари.

Но, не се само овие сајтови. Во јануари оваа вест правеше р’шум и на USADailyInfo.com, кој исто така е поврзан со Македонија и Велес.

„Базфид њус“ открил дека две од трите интернет страни „OpenMagazines.com“ и „USPoliticsLeader.com“ имаат исти ИП адреси со сајтовите чии сопственици се во Македонија. А, на „Фејсбук“ страните често си споделуваат вести еден од друг.

Според некои проценки, интернет страните поврзани со Македонија вкупно имаат повеќе од 1,5 милиони фанови и споделуваат огромен број лажни вести.

Како што веќе пишуваа американските, но и македонските медиуми, стотици вакви сајтови се регистирани во Велес и млади луѓе објавуваат вести кои делумно или целосно се лажни, а се во полза на Трамп а против Хилари Клинтон, а потоа тие „вести“ масовно се споделуваа на Фејсбук помеѓу американските поддржувачи на Трамп. Не е јасно во која мера ова влијаело врз убедувањето на гласачите да излезат и да гласаат за Трамп.

По ова Фејсбук и Гугл решија да направат промени во своите политики, и да го ограничат пристапот до лажни вести, или да оневозможат заработка од такви сајтови.

Сепак, медиумите низ светот се на „штрек“ и постојано ги следат сомнителните портали од Македонија, со оглед на тоа дека се ближат претседателски избори во Франција (април), па можно е Македонци да вмешаат прсти и во француските избори.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра