Велика Британија може да го намали корпоративниот данок до 10%
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2016
Велика Британија може да ја намали основната каматна стапка на корпоративниот данок од сегашните 20% до 10%, ако во преговорите за повлекувањето на земјата од ЕУ британските власти не успеат да се договорат за слободен пристап до трговските пазари и финансиските услуги, пренесува Sunday Times, повикувајќи се на сопствени извори.
Во податоците на весникот, идејата била понудена од советник на премиерот Тереза Меј покрај зголемената загриженост за тоа дека други земји-членки ќе заземат поцврст став во преговорите за Брегзит.
Овој предлог ќе биде искористен во обид да ја убеди ЕУ да даде право на сертификација за да може компаниите на пазарот на финансиски услуги да продолжат со активностите во ЕУ.
Изворот на Sunday Times вели дека многу луѓе мислат дека Британија нема никакви идеи кои би можеле да бидат употребени, ако преговорите започнат тешко, но Велика Британија има некои адути. Еден од овие адути може да биде намалување на стапката на корпоративниот данок на добивка во износ до 10%.