ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Европскиот смог е 27 пати поотровен од кинескиот
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017
Смогот во Европа и Северна Америка може да е над 25 пати посмртоносен од оној во кинеските градови, покажува новото истражување.
Според него годишната изложеност на честички во воздухот во Кина е над 5 пати повисоко од препорачаните вредности на Светската здравствена организација (СЗО).
Сепак ова загадување е многу помалку смртоносно од честичките прашина во Европа и Северна Америка.
Според експертите, тоа се должи на фактот што во загадениот воздух во Кина има претежно големо количество природен прав кој се разнесува од ветровите. На Запад, сепак загадениот воздух е од индустриско потекло. Така резултатите се категорични дека всушност кинескиот смог води до помалку смртни случаи во споредба со европскиот и американскиот.
И поконкретно - загадувањето на воздухот во Европа е 27 пати потоксично од тоа во Кина. Сепак, градови како Пекинг, Шангај и Хонг Конг, веројатно страдаат од западен тип загадување, пишува Independent. „Природната прашина не може да се мери по токсичност со честички од издувен јаглен, биомаса и фосилни горива“, вели проф. Френк Кели, експерт за животна средина од Кралскиот колеџ во Лондон.
Вдишувањето на природен прав може да ги оштети белите дробови и да редизвика астма напади. Честички од издувни горива ги предизвикуваат истите проблеми, но и водат до труење со токсични тешки метали, хемикалии и испарливи органски соединенија. Тие можат да преминат од белите дробови во крвта и да предизвикаат многу поголеми штети на организмот.