19 Април, 2024
0.0306

ВЕТОТО НА ИВАНОВ: Државнички потег или саботажа ?

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Извесно е дека пратениците повторно ќе го филтрираат Законот за употреба на јазици. Со оглед на најавите на дел од експерите но и на опозициските политичари, очекувано е дека ова законско решение ќе се најде и пред Уставен суд. Експертската јавност со бурни и поделени мислења – дали  претседателот Ѓорѓе Иванов со непотпишување на указот за Законот за употреба на јазици покажа државнички став или направи чекор за нов раздор во општеството.

На потег – повторно пратениците, но и Уставниот суд ?

Писмото со кое претседателот Иванов го известува собранието дека одбива да го потпише указот за Законот за јазици експресно стаса во Собранието. Заедно со забелешките, тоа е во рацете на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кој  во понеделник планира да им го достави писмото со образложението и на пратениците. Се очекува да биде закажана и седница на кој повторно ќе се стави на дневен ред законското решение со можни амандмански предлози.

Ветото на Иванов во однос на овој закон беше очекувано, со оглед на неговите изнесени  ставови и одлуки изминатите години, но и со оглед на пораките што тој ги испрати во неговото новогодишно обраќање во Собранието, коментираат дел од познавачите.


Во образложението за потегот да не го потпише указот, претседателот Иванов, меѓудругото, посочи дека законското решение е противуставно и дека со него постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и теротијралниот интегритет на РМ.

“Донесуваме неправеден закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Затоа, поради противуставноста на овој закон донесов одлука да не го потпишувам указот за Законот за употребата на јазицијте. Го информирав Собранието дека нема да го потпишам овој закон и поднесов забелешки за истиот. Ги повикувам пратениците да ги разгледаат забелешките, рече Иванов.

Освен известување, тој ги достави и забелешките до парламентот, повикувајќи ги пратениците внимателно да ги разгледаат за да се дојде до сеопфатно решение за Законот за јазиците

„Законодавецот предвидел дека употребата на друг службен јазик во различни постапки е предмет на други закони со кои се уредени постапките и тие, заради начелото на материјата што ја регулираат, се донесуваат со апсолутно и 2/3 мнозинство“ – пишува Иванов во писомото испратено до Парламентот.

Дел од познавачите очекуваат дека законот повторно ќе биде изгласан од владеачкото мнозинство, со поддршка на опозициските партии од албанскиот политички блок. Но во исто време, очекувано е дека законското решение ќе се најде и пред Уставен суд.

“До пратениците во Собранието на Република Македонија, да не гласаат за овој закон кога тој повторно ќе се врати на седница во Собрание на Република Македонија. Верувам дека барем 10 пратеници на СДСМ до тогаш ќе разберат каква голема и непоправлива штета нанесуваат на сопствената држава. Доколку и покрај укажувањата на целокупната јавност пратениците на СДСМ повторно одлучат да гласаат за овој закон, најавувам дека ќе поведам иницијатива пред Уставниот суд на Република Македонија за поништување на овој закон“ – вели пратеникот од Вмро-Дпмне  Илија Димовски.

Додека опозицијата го поддржа и поздрави потегот на Иванов, од власта остануваат на ставот дека законот не се коси со Уставот. Премиерот Зоран Заев не сакајќи да ја коментира одлуката за вето  на Иванов, посочи дека секоја дилемма околу законското решение ќе ја расчисти Уставен суд. 

“Треба да подадаеме рака, да имаме доверба во институциите на системот. Се надевам дека ако нешто не е во согласност со Уставот, постои Уставен суд, а Венецијалнската комисија ќе го каже своето мислење но да внимаваме сите со пораките затоа што мислам дека треба и ова политичко прашање конечно да спласне за да се посветиме на подбори перспективи“ – изјави премиерот Заев. 


Партиски или државнички одлуки …

Ветото на Законот за јазици  е уште еден потег кој ќе одбележи досегашниот претседателски мандат на Иванов, кој според дел аналитичарите повеќе беше во функција на партијата отколку на државата.

“Една целосна нетранспарентност и чувството дека станува збор за партиски, а не за претседател на сите граѓани на Македонија. Имам чувство дека во овој период британската кралица повеќе комуницираше со своите поданици отколку што Иванов ѝ се обраќаше на нацијата. Натаму, бројните лапсуси, кои покажуваат за каков капацитет се работи („разумен компромис“), но и тешки политички грешки што го квалификуваат како најнеуспешен претседател досега во низата не баш успешни претседатели (амнестијата на организираниот криминал)“ – вели за “Фактор“ новинарот, колумнист Звездан Георгиевски.

Иванов покажа дека е кочничар а не поддржувач на реформите значајни за евроатланската иднина на Македонија, смета екс пратеникот и претседател на Либералната Партија,  Ивон Величковски.

“Иванов има само еден претседателски мандат. Изборите 2014 беа нелегитимни во целост и непризнавањето на нивните резултати е основата на разрешницата со изборите 2016 и новото мнозинство и влада во 2017.  Можеби за СДСМ и ДУИ ‘признавањето’ на Иванов и обидот за ‘кохабитирање’ требаше да ги смири страстите, но овој концепт има логика само ако обете страни/партии/политики имаат модерен и политички коректен пристап. А во таков случај, ништо од она што се случуваше од 2011 наваму – немаше да се случи. Затоа, политички оживеаниот и рефакторизиран Иванов сега комотно и со се што му е расположливо – ќе ги кочи клучните и реформските процеси. Впрочем, комплетната послушност кон неговото политичко менторство  го одбележаа неговиот престој во Вилата Водно и тоа ќе продолжи и натаму“ – вели Величковски за “Фактор“

Аналитичарите потсетуваат и на други потези на претседателот Иванов кои значајно влијаеа врз политичкиот живот.

“Па, мислам дека секој ќе ви одговори дека тоа е амнестијата на обвинетите политичари, првенствено на оние што ги обвини Специјалното јавно обвинителство, одлука која предизвика жесток револт и која всушност го иницираше феноменот на таканаречената шарена револуција. Потоа недавањето мандат за формирање нова влада и жестоката одбрана на политичката олигархија во заминување, како и обидот за одбрана на насилниците од настаните на 27 април минатата година“ – вели новинарот Георгиевски.

Иванов го “ситни“ вториот мандат, без право на трет. Последниот потег со ветото на Законот за јазици е вовед во нова политичка епизода, во која вклучен  ќе биде и Уставниот суд.  Законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари со 69 гласови за, ниту еден против, ниту еден воздржан. При гласањето со „Бадентер“, воздржано гласаше само еден пратеник.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне