29 Март, 2024
0.0256

Ви благодариме за помошта, сега ќе ве тужиме!

Објавено во: Анализа 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

AIG или American Insurance Group  е компанија која не ја доживеа судбината на Леман Брадерс или на Бер Стернс во екот на најголемата финансиска криза во светот. Оваа осигурителна компанија беше прогласена за преголема да пропадне и беше спасена од државата која стана нејзин доминантен сопственик. Благодарение на парите кои ги доби компанијата можеше да се раздолжи со сите контра страни. Еден од најголемите проблеми кои ги имаше компанијата беше тоа што во основа гарантираше дека Леман нема да пропаднат и за тоа наплаќаше премија на нејзините клиенти. Е кога се тргна наопаку оддеднаш снема пари и компанијата се приближи до банкрот. Во неколку наврати државата обезбеди повеќе од 180 милијади долари со цел да ја врати фирмата од ивицата на пропаста. AIG мораше да продава дел од својата актива но полека но сигурно се раздолжи, државата планира да ги продаде акциите кои таму ги поседува и работите ќе може да се вратат во нормала. Во тој контекст е и рекламата која овој период се врти низ телевизииве во САД која вели ВИ БЛАГОДАРИМЕ АМЕРИКА ! Нормално им заблагодаруваат за сите пари кои државата ги истури во компанијата на која не е и беше дозволено да пропадне, бидејќи тоа е во поголем интерес за нацијата (така барем ги убедуваа во САД). Е сега во случај САД да не ги дадеа овие пари AIG без никаква дилема ќе банкротираше и ќе пропаднеше. Во целава приказна секако оштетени излегоа постоечките акционери кои ги видоа нивните инвестиции како го допираат дното. Тоа е тоа, кога компанијата е во таква ситуација, тоа е нормално да се случи со вашите акции. Но се случува еден интересен пресврт. Поранешниот директор на компанијата Морис Гринберг кој поседуваше и сеуште поседува доста акции реши да поведе тужба против државата затоа што ги оштетила акционерите. Основата на тужбата е дека поради де факто превземањето на компанијата акционерите биле оштетени за десетици милијарди евра и како дополна на ова, прекршен е петиот амандман со кој е забрането да се земе приватен имот без притоа да се плати никаква оштета. Деновиве тужбата ќе биде презентирана пред бордот на компанијата (кој инаку е таму после кризата) и ќе се носи одлука на кој начин ќе се продолжи да се постапува. Бордот е обврзан да ја разгледа и даде мислење бидејќи се работи за акционери во компанијата. Од државата велат дека целата работа е смешна и дека ова што се случува е во најмала рака неблагодарно. Сепак, тоа е Америка, таму се чини дека се е дозволено. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот