19 Април, 2024
0.0247

(ВИДЕО) Поучни, силни и мотивирачки...10 најдобри мотивациони говори слушнати некогаш

Објавено во: Стил 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Дали некогаш ви се случило нечија реченица или говор да ве наведат да размислувате поинаку и да промените дел од својот досегашен живот? Луѓето кои се обраќаат во ова видео поминале многу неволји, успони и падови пред да станат она што се и дошле во ситуација да им држат мотивациони говори на другите.

„Motivation grid“  објави видео снимка кое го најави како дестте најдобри мотивациони говори. Слушнете го Питер Динклиџ кој говори за првите денови од својата работа, Марк Закерберг кој објаснува дека најголемиот успех доаѓа од слободата да направите неуспех, Стивен Спилберг кој говори дека мораме да го слушаме внатрешниот глас, а не туѓи мислења, Џ.К Роулинг која зборува за распаднатиот брак и сиромаштија од кои почнала како пропаднат случај или Опра Винфри која гласно порачува дека мораме да сфатиме дека одговорноста за нашиот живот е на нас самите.

Покрај нив ќе слушнете неверојатни говори од Чарли Деј кој вели да останеме гладни во животот, Силвестер Сталоне кој вели дека после секој удар мораме да станеме, Вил Смит кој на едноставен начин објаснува дека стравот е илузија, Ерик Томас кој ја прашува публиката колку навистина силно сака да успее и Мартин Лутер Кинг кој праќа порака дека мора да веруваме во себе.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган