18 Април, 2024
0.1690

(ВИДЕО) 10 МОЌНИ НАЦИСТИЧКИ ГРАДБИ: Хитлерова архитектура која влева страв во коски!

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Периодот на власта на нацистите било време на голем напредок, па така било и во архитектурата, а овие 10 градби и денес се потсетник на нив.

Нацистичката власт на чело со Адолф Хитлер гледала на архитектурата како начин на наметнување на страв и почит. Хитлер како бројни други Германци имал големо почитување кон античкиот свет, посебно кон Рим и Грција.

Во време кога светот се менуваше со голема брзина, го осудил авангардното движење како дегенерично, па од својот главен архитект Алберт Спур барал изградба на само конзервативни градби кои влевале стравопочит.

Иако бројни од тие градби не го преживеале бомбардирањето на Втората светска војна, некои биле поштедени од уништување и остануваат како болни потсетници на моќта на тоталитарниот режим.

10. Олимпискиот стадион во Берлин

Домот на најозлогласните Олимписки игри во историјата е изграден на темелите на Дојче стадионот во шумата Груневалд. Летната олимпијада е договорена во Берлин во 1916 година одамна пред Хитлер да дојде на власт, но е одложена до 1936 год. поради Првата светска војна и економска криза.

Хитлер во неа видел одлична шанса за пропаганда која ќе ја докаже германската супериорност и ќе го поврзе германскиот народ со Грците. Архитектите на стадионот биле Алберт и Вернер Марч, синови на Ото Марч, кој требало да го води проектот пред Хитлер да стане канцелар.

Се градел од 1934 до 1936 година, а кога стадионот е завршен, заземал околу 1,32 километри квадратни. Се состоел од исток кон запад, од Олимпија стадионот, Маиделада (со капацитет од 50 илјади луѓе) и Валдбун амфитеатарот (со капацитет од 25 илјади луѓе) како и со дополнителни бројни покраински згради за разни спортови на северниот дел. 

Иако германските спортисти собрале најмногу награди на Олимписките игри во 1936 година, успехот на Афроамериканецот Џеси Овенс кој освоил 4 златни медали во трчање го разбеснело Хитлер. Денес тој стадион е дом на фудбалскиот клуб Херта BSC.


9.Олимписко село Берлин

Како додаток на огромниот стадион е изградено Олимпиското село во 1934 година и се наоѓа во западниот дел на Берлин, во Вустермарк. Селото се наоѓало 30 км од центарот на градот и во него се наоѓале кревети на два ката, простории за ручање , базен и сала за тренинг.

Во селото биле сместени околу 4 000 спортисти од цел свет во текот на Олимпијадата, а во Втората светска војна го употребувале како болница за повредените војници на Вермахт. Кога во 1945 год. го преземале Советите, го претвориле во воен камп, а некои тврдат дека го користел КГБ за мачење. Се планира модернизација на тоа место и претворање во музеј.

8. Летниковец Прора

Прора е летниковец на плажата на германскиот остров Руген. Изграден е во рамки на проектот „Со сила до радост“ некаде помеѓу 1936 и 1939 .Проектот бил осмислен како промоција  на предноста на националсоцијализмот и триесетите години и бил најголем туристички оператор на светот.

Одморалиштето го осмислил Клеменс Клос кој победил на натпреварот кој го организирале Хитлер и Спир, а во проектот биле вклучени околу 9 илјади работници. Централната зграда е долга 4,5 километри и се наоѓа на 150 метри од море. Вклучува осум станбени блокови, базени за пливање и кино, а одеднаш може да прими околу 20 илјади гости.

Меѓутоа, кога завршила војната, одморалиштето преминало во рацете на Советите кои го претвориле во воена база, а подоцна кога е основана источно германската армија во 1956 година за сместување на воени единици. И денес постои на островот Руген, релативно сочуван, но не се користи.

7. Облакодери Флак

Тоа биле бетонски структури користени за противавионска одбрана и како цивилни места за криење од бомбардирање. Во Берлин се подигнати три такви структури. Уште три се направени во Виена.

Тие структури биле речиси неуништливи, поради што ни додатно не постоела некоја голема иницијатива за рушење-би барала многу време и пари. Некои едноставно се напуштени, но остануваат како сведоци на некои многу мрачни времиња.

6. Комплекс нацистички следбенички во Нуремберг

Rajhspartajtagsgelende го покрива подрачјето од 28 км2 и се наоѓа на самиот крај на Нуремберг. Било тоа дом на бројни јавни состаноци на нацистичките партии , а токму таму Хитлер ги одржувал повеќето свои екстремни говори.


Комплексот се состои од неколку структури од кои некои се изградени пред нацистите, како дворецот Луитполд и Дворецот на славните настанати во чест на херои од Првата светска војна. Дизајнот е инспириран од римскиот Колсеум.

5. Музејот на уметноста

Haus der Kunst во Минхен бил Хитлеров личен храм кој го подигнал според сопствена идеја на убавина во уметноста и ја отворил изложбата Голема Германска уметничка изложба на 18 јули 1937 год. Зградата ја дизајнирал Паул Лудвиг Труст и се смета за прв пример на нацистичка архитектура. Труст со Спир бил омилен архитект на Хитлер, а неговите неокласични дизајни биле токму она што го замислувал Хитлер во иднината на архитектурата.

Изградбата траела од 1933 до 1937 и на отворањето се угостени 2000 истакнати уметници. По војната, е претворен во менза за американските војници , а подоцна повторно е вратен во својата првична функција -одржување на изложби. Подрумот е претворен во ноќен клуб за елитата.

4. Воздухопловно министерство во Берлин

Detlev-Roveder Haus бил најголем канцелариски простор на светот кога е изграден во 1936 година. Зградата е најпозната по тоа што во неа било Министерството за воздухопловство, а ја дизајнирал Ернст Сагебил.

Поради својата гигантска големина, е вистински пример за нацистичката архитектура на застрашување. Има бетонски зајакнат костур, седум ката, 112 илјади метри2, 7 км ходник, 2 800 соби, 4 000 прозорци и кога е отворена во неа се вселиле 4 000 бирократи.

Сепак, за нејзината изградба биле потребни само 8 месеци бидејќи работниците работеле во сите смени, и за недели и празници. Денес во зградата се наоѓа германското Министерство за финансии.

3. База за подморниците Кероман

На адмиралот Карло Дониц му била потребна база на францускиот брег на Атлантскиот океан. Злогласната зграда е изградена за неполна година дена, од фебруари 1941 до јануари 1942 година во близина на градот Лоријен на полуостровот Кероман. Била почеток на многу воени операции, а имала капацитет на тајно сидро за дури 30 подморници.

Во бомбардирањето на сојузниците, базата е тепко оштетена, но било речиси невозможно да се урне. Наместо тоа, сојузниците го урнале целиот град Лоријен како би го прекинале увозот на храна и оружје.

По војната, базата ја користела француската морнарица и е посветена на Жан Стоскопф, германецот кој во неа работел како шпион за француското движење на отпорот. Базата е напуштена во 1997 год. а денес е туристичка атракција.

2. NS Ordensburg

Набрзо по преземањето на власта, Хитлер одлучил да основа школо кое ќе образува подобри кадри посветени на идеологијата која ја застапувал.

Така во 1934 год. настанал комплексот NS Ordenburg во кој се наоѓале три училишта за елита, со цел да воспита идни нацистички лидери. Зградата ја дизајнирал Херман Гислер, а подоцна се покренати уште две слични училишта.

После падот на Третиот Рајх, зградите ја изгубиле целта. Денес една од нив користат Полјаците во воени цели, а други две се туристички атракции.

1. Орлово гнездо

Келштајнхаус или Орлово гнездо како што го нарекувале Сојузниците, е изградено во баварските Алпи. Тој комплекс бил луксузно летувалиште за излет на Хитлер каде го прославил својот 50 роденден. Изграден е во 1937 година.

Под куќата постои таен тунел со лифт кој води до големо пракиралиште на 124 метри под земја. Неговата изградба чинела денешни 150 милиони евра и 12 работници починале во текот на изградбата. Бенито Мусолини му подарил на Хитлер како подарок камин.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ОВА СЕ 100-те НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ: Магазинот Тајм ја објави листата за 2024 година - ќе се изненадите кој се сѐ најде на листата

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПОЛИЦИЈАТА ВОЗИ „ФЕРАРИ“, ПРАВАТ ДОЖД СО ДРОНОВИ, А НЕ ТОЛКУ ОДАМНА ИМАА САМО ЕДНА ВИСОКА ЗГРАДА: Неверојатни факти за Дубаи

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ОТКАЖА ОД БРИТАНИЈА? Еве кои се причините за тоа