24 Април, 2024
0.0267

(ВИДЕО) Ако ви досади Грција-имаме идеја за вас: Во ова место ќе летувате за „плиток џеб“

Објавено во: Стил 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Грција дефинитивно котира прва на листата најбарана дестинација и за годинава. Меѓутоа, ако таа ви здосади и сакате да промените нешто, тогаш одморот може да го поминете во местово кое ви го откриваме подолу.


Она што е важно е што е помалку познато за туристите а е идеално за оние со „Плиток џеб“.

Па ако сакате да поминете поевтино, летувајте таму.

 Сепак, оние кои ја посетиле оваа туристичка дестинација велат дека ова е вистинскиот „неоткриен бисер“ на Јадранот.

Пристапните цени за сместување, превоз и храна се главен адут во рацете, верувале или не на Босна и Херцеговина, и единствениот град во таа земја на море. Имено, се работи за местото Неум.

Сместувањето кое може да го резервирате уште додека сте во Македонија се движи од 10 евра за ноќ во зависност од тоа колку ѕвездички сакате да има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 10 до 20 евра за ноќевање и тоа за двокреветен апартман.

Она што е интересно е тоа што Неум од Дубровник е оддалечен само 70 километри, па сите туристи кои имаат желба да го посетат и Дубровник се определуваат за оваа дестинација бидејќи е далеку поефтина од Дубровник, а добро поврзано со автобуски линии.

Како изгледаат плажите и самото место Неум погледнете и сами.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган