Видео: Алигатори нова закана за Флорида по ураганот „Ирма“
Објавено во: Свет 12 Септември, 2017
Жителите на Флорида откако го претрпеа најсилниот удар од ураганот „Ирма“ во историјата се под нова закана од дивиот животински свет, особено од алигаторите кои ги има во изобилие. По големите поплави алигаторите ги напуштаат своите природни живеалишта во мочуришата барајќи храна.
Еден таков инцидент забележа противпожарната служба на градот Мелбурн, Флорида, каде еден голем алигатор го закочи сообраќајот во самиот центар. На жителите им се препорачува да внимаваат и веднаш да пријават во службите за справување со див животински свет.