(ВИДЕО) АМБАСАДОРОТ НА КИМ ЏОНГ УН СО УЖАСНА ТАЈНА: Еве со колку бомби Северна Кореја може да го срамни светот
Објавено во: Свет 23 Април, 2017
Неофицијалниот севернокорејски амбасадор за западни медиуми предупредил дека Пјонгјанг би можел да го уништи целиот свет со само три бомби.
Алехандро Као Де Бењос (43) е почесен специјалеn претставник на Комитетот на Демократската народна Република Кореја за културни односи со странство.
Говорејќи на шпанскиот сајт Инфобае, Као Де Бењос кој живее на релација Пјонјанг-неговиот шпански роден град Тарогоња, ја опишал тајната комунистичка држава како утопија.
Тој рекол „Луѓето имаат базичен, сигурен и достоинствен живот. Тие живеат на многу мирен начин, не постојат социјални судири, нема луѓе кои спијат на улица ...тоа е еден начин на живот, во кој сите работиме во голема заедница.
Но, кога е запрашан за воените закани на Северна Кореја, неговата реторика станала многу агресивна. „Никој нема да ја допре Кореја“, рекол тој. „Ако се обиде, луѓето ќе се бранат со оружје и ракети. Имаме термонуклеарна бомба. Со три такви светот е готов“.
Политичкиот активист кој е прв западен човек на кој му се признава државјанството на Северна Кореја, ги отфрлил обвинувањата за кршење на човекови права против Ким Џонг Ун и неговата влада како пропаганда од Британија и САД.