(ВИДЕО) Анонимуси велат НАСА ќе соопшти нешто важно - за што се работи?
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2017
Хакерскиот колектив Анонимуси тврди дека американската вселенска агенција НАСА ќе објави дека открила интелигентен вонземски живот.
„НАСА вели дека вонземјаните доаѓаат"- напиша групата на својот веб-сајт.
Тврдењето на Анонимуси е базирано на многубројните неодамнешни откритија на НАСА, заедно со коментарите на еден од портпаролите на агенцијата на конгресното сослушување насловено „Напредокот во потрагата по живот“ во април.
Во своето видео, Анонимуси цитираат неколку други коментари за вонземјани дадени од астронаути и поборници на истражувањето на вселената во минатото, како и разни „забележувања“ вонземјани и НЛО како доказ дека „нешто се случува на небото над нас“.