(ВИДЕО) АНТАРКТИКОТ СЕ ЦЕПИ: Изгледот на континентот целосно ќе се промени!
Објавено во: Свет 06 Јануари, 2017
Ледениот гребен Larsen C ќе остане без повеќе од 5 000 квадратни километри ако пукнатината продолжи да се шири, велат научниците од Универзитетот Сванс.
Огромна санта мраз, една од најголемите и голема колку американската сојузна држава Делавер или карписката држава Тринидад и Тобаго, ќе се оддели од Антарктикот, објавија научниците.
Пукнатината на ледениот гребен Larsen C, која во изминатите години постепено се ширела, минатиот месец драматично се зголемила, за 18 км.
Сега е долга повеќе од 80 км и за да се оддели целосно сантата останале само 20 км , предупредија научниците.
Сантата мраз „од темели ќе го промени изгледот на Антарктикот“ а после неа би можело да дојде до понатамошно пукање на Larsen C.
Ледените гребени се подрачја на краевите на санта мраз, кои пловат на море и се дебели неколку стотини метри.
Научниците стравуваат дека нивното одделување од замрзнатиот континент би можело да го забрза лизгањето на леденикот кон морето со оглед на глобалното загревање, што на крај би резултирало со пораст на нивото на светските мориња.
Во изминатите години дошло до пукање на неколку ледени гребени во северните делови на Антарктикот, вклучувајќи го и Larsen B кој исчезна во 2002 година.