(ВИДЕО) Авион се урна на улица во Флорида
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017
Спортски авион се урна на улица во Флорида.
Несреќата се случила во гратчето Клирвотер, кога од засега нејасни причини, леталото со
пилот и патник почнало да понира кон автопатот, се забило во дрвја и се уништило.
Според медиумите, и двајцата патници минале без никакви повреди, а драматичното видео го
снимиле локални полицајци.