(ВИДЕО) Авион влета во ураганот Ирма
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Националната океанска и атмосферска администрација на САД објави видео на авион кој успеа да влета во ураганот Ирма.
Ирма е класифицирана со највисок 5-ти степен за ветрови над 300 км на час.
Се очекува викендот да помине низ државата Флорида, каде што вонредна состојба е веќе воспоставена и луѓето се повлекуваат, што доведува до исцрпување на количините на разни производи, а главно на вода.