(ВИДЕО) Барал богатство, а нашол нуклеарна бомба
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Германски пензионер кој барал богатство кај градот Ораниенбург нашол ураниум за кој се верува дека е од времето на нацистите.
Бернд Талман(64) нашол ураниум во градот каде нацистите се обиделе да направат нуклеарна бомба.
Самата фабрика е уништена со 16.000 бомби.
Според документарен филм објавен во февруари, Хитлер имал нуклеарна бомба и успешно ја тестирал.
Но, оваа бомба била многу примитивна и неупотреблива. Заради најдениот ураниум наредена е евакуација на околните улици.
Ураниумот бил во контејнер кој пензионерот го донел дома.