(ВИДЕО) БИЗНИСОТ ГИ ОТВОРА СИТЕ ВРАТИ: Што договорија Трамп и Џек Ма?
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Избраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарал во Њујорк со кинескиот милијардер и основач на Алибаба , Џек Ма за заеднички проекти и отворање на нови милион работни места во Америка.
Имавме одличен состанок. Џек и јас заеднички ќе правиме некои убави работи“, рекол Трамп пред новинарите.
Тој рекол дека Ма е „сјајен, сјаен претприемач“.
Комапнијата Алибаба тврди дека може да отвори милион работни места во САД со помагање на мали претпријатија да ги продаваат своите производи на пазарот во Кина и други азиски земји.
Ма рекол дека со Трамп разговарале за зајакнувањето на односите на Кина и САД.