(ВИДЕО) Бомба во болница во Банкок на годишница од воениот пуч
Објавено во: Свет 22 Мај, 2017
Повеќе од 20 лица се повредени при експлозија на бомба во болница во Бангкок, во Тајланд.
На местото на експлозијата се најдени остатоци од батерија и жици од експлозивна направа.
„Имаше бомба. Пронајдовме делови кои се користени за изработка на бомбата“ – изјави шефот на полицискиот тим за експлозии, Хамтхорн Аухароен.
Тој вели дека властите ги проверуваат снимките од надзорните камери.
Засега никој не ја презема одговорноста за експлозијата во воената болница, кој исто така е отворена и за цивили. Ова се случува на третата годишница откако имаше воен пуч во земјата.