(ВИДЕО) ЧУДО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Куќа која е широка само два метри чини милион
Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2018
За една од најнеобичните куќи во Лондон, која е наречена тесна куќа и е широка само 2.3 метри сопствениците бараат милион фунти или 1.14 милиони евра.
Таа е лоцирана во Вандсворт, во централниот дел на Лондон.
До 2013 година на ова место имало премин, но архитектите осмислиле куќа на три ката со убав распоред внатре и максимално искористен простор.
Поради косиот покрив и многу прозорци во куќата има доволно светлина.
Сепак, иако е тесна оваа куќа има површина од 98 квадрати.
Како изгледа можете да ѕирнете во видеото.