29 Март, 2024
0.0671

(ВИДЕО) ЧУДО; Паднал од 47 кат и преживеал

Објавено во: Стил 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Само половина од луѓето кои ќе паднат од 3 кат преживуваат, од пад од 10 кат скоро и да не преживуваат, а пред девет години Алсидас Морено кој чисти прозорци паднал  од 47 кат и преживеал, објави BBC. 

„Сакав прозорците да бидат целосно чисти. Сакав сапун и вода. Го сакав она чувство кога ќе го стиснете сунѓерот“ - раскажува тој. 

Неговиот живот драматично се сменил на 7 декември 2008 година кога со брат му Едгар тргнал да чисти прозорци на зграда на Менхетен. 

Работеле со 5 метри високо скеле, но каблите попуштиле. 

„Кабелот од лева страна се одвои, тој го држеше брат ми и тој падна до тлото“ - вели Морено 

Брат му паднал од 144 метри, се движел со брзина од 200 км на час и кога удрил долу, починал на лице место.  Неговото тело било поделено на два дела. 

Паднал и Алсидас, но се задржал на искривен лим од каде пожарникари го спасиле. 

Тој се здобил со низа повреди, имал повеќе операции, а му биле додадени и 10 литри крв. 

Тоа што преживеал лекарите го нарекуваат медицинско чудо.