(ВИДЕО) ДА УЧИМЕ ОД НИВ: Вака Русите, Норвежаните и Швеѓаните го чистат снегот
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2017
Снегот и ниските температури го парализираа речиси целиот регион повеќе од недела дена. Луѓето константно се жалат на гужвите во сообраќајот, како и на тоа дека патиштата не се прописно исчистени.
Земјите кои имаат искуство со студените зими, исто така водат борба со снежните врнежи и се трудат во што пократок рок да ги исчистат улиците.
Покрај одличната организација имаат и интересни механизми кои на нас би ни дошле супер во вакви временски услови.
Русите имаат исклучително уиграни служби кои беспрекорно функционират по снежно време.
Машината со „златни раце“ го отстранува снегот како од шега.
Снегот потоа се вози до бункер каде се сече на ситни делови и топи а потоа завршува во блиската река.
Норвежаните покрај чистењето на улицата имаат и интересни начини за отстранување на снег од крвововите на куќите.
Швеѓаните користат слични механизми како Русите, а не може да се каже дека не се добро организирани.