(ВИДЕО) Дачиќ: Кога треба некој да игра оро и да се запее тука сум
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2017
Кога треба некој да игра оро со гостите од Африка, тука сум. Кога треба некој да запее, да го омекне соговорникот, на мене може да се пречи, вели српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој многу често политичарите кои ја посетуваат Србија ги забавува со пеење.
„Вучиќ е поинаков, строг. Заедно сме идеална комбинација и тој е свесен за тоа“ - вели Дачиќ.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас му рекол дека ќе памети две вечери: кога го женел синот и вечерата со Дачиќ. Грчкиот претседател бил воодушевен кога му ја отпеал „Mi Mou Thimonis“ на грчки јазик. Сергеј Шојгу и Сергеј Лавров пееле заедно со него. Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Емануел Макрон, Кетрин Ештон, Федерика Могерини исто така биле воодушевени, смета Дачиќ. Оланд му рекол дека е најдобриот министер на светот. На Кетрин Ештон ѝ ја отпеал „Опрости ми Катрин“, а кога следниот пат се сретнале во Брисел го дочекала со подарок. Италијанскиот министер му се обраќал на Дачиќ со „гранде Ивица“.
Српскиот министер е многу самоуверен кога е во прашање неговото пеење.