(ВИДЕО) ДАЧИЌ ПЕЕ ВО ПАРАЛИЈА: На репертоарот српски и грчки песни
Објавено во: Балкан 29 Август, 2017
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, во грчкото одморалиште Паралија одржал мини концерт, пишуваат српските медиуми.
Дачиќ испеал 10 песни пред 300 српски наставници и ученици од Јагодина, кои во Паралија се дојдени за да разменат искуства со своите грчки колеги.
Освен српски песни, Дачиќ пее и руски и грчки песни.
Ова не е прв пат тој да пее пред повеќе луѓе. Претходно и на инаугурацијата на претседателот Александар Вучиќ ја пееше „О соле мио“ пред странските дипломати.