(ВИДЕО) Дачиќ пред дипломатите ја пееше „О соле мио“
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017
По инаугурацијата вчера на Александар Вучиќ за претседател на Србија, Ивица Дачиќ го покажа популарниот „шарм на српската дипломатија“.
Дачиќ пред дипломатите ја испеа светски познатата „О соле мио“ на Лучано Павароти.
Изведбата на Дачиќ на својот профил на Фејсбук ја објави амбасадарот на Малтешкиот ред во Белград, Алберто ди Лука.