28 Март, 2024
0.0283

(ВИДЕО) ДАЛИ САД СЕ ПОДГОТВЕНИ НА ОВА: Ако се здружат ураганите Метју и Никол следи катастрофа?

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Како што ураганот Метју се приближува до источниот брег на Флорида, во подрачја каде невремето лудуваше во претходните денови бројот на жртви расте, така да на Хаити официјалниот број на жртви се искачи на најмалку 339 луѓе.

Хаити е далеку најпогоден, од сите карипски држави низ кои помина Метју. Четири жртви се пријавени во Доминиканската република, додека на Куба и Бахами, засега само има материјална штета.

Бура на векот

Американците се подготвуваат за најлошата бура во последните десет години. Барак Обама прогласи вчера вонредна состојба на Флорида, во Јужна Каролина и Џорџија, а повеќе милиони луѓе од глобалното подрачје во тие држави било присилено на евакуација.

Со оглед на тоа дека Метју е уште многу силен и дека се работи за опасен ураган од 3 категорија експерти предвидуваат дека би можеле да поминат недели, дури и месеци пред да можат да се вратат луѓето од најзагрозените подрачја во своите домови.

Со удари на ветерот од 215 км на час, метеоролозите предвидуваат дека најголеми оштетувања ќе настанат од плимниот бран за кој проценуваат дека ќе достигне висина од три метри, а висината на бранови во бурата во зафатените подрачја би можела да биде и над седум метри.

Најбесниот ураган на Флорида во последните 100 години

Од Американскиот национален метеоролошки центра објавија дека Метју би можел да се претвори во најразорниот ураган кој го погодил североистокот на Флорида во последните 118 години. Поради тоа во некои градови во Флорида на сила е полициски час кој може да се продолжи цел ден, ако има потреба.


На Флорида доаѓаат два урагани

Моменталните прогнози на насоки по кои Метју се движи укажуваат на тоа дека накратко ќе удари во Флорида во следните два дена. Но тоа не е најлошо што може да им случи на САД.

Како што пишува WPTV, на Атлантикот се формирала тропска бура Никол која во меѓувреме прераснала во ураган од прва категорија. Иницијалните прогнози говореа дека Метју ќе помине по источниот брег и на крај ќе се сврти кон Атлантскиот океан, но сега постои можност на интеракција помеѓу Никол и Метју што би создало така наречен Фуџихарин ефект.

Тоа значи дека двата центри на циклоните кружат еден околу друг и ја намалуваат оддалеченоста помеѓу нивните подрачја на низок воздушен притисок. Ако таквата интеракција се случи во овој случај, тоа би значело  дека Метју потенцијално ќе се свти назад кон Флорида и повторно ќе удари на брегот што би претставувало катастрофа.

 


Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин