(ВИДЕО) ДЕН ПО ИРМА: Ова се првите снимки
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Ураганот Ирма со ветер со брзина од 155 км на час се ближи кон Флорида.
Ураганот сега е на 35 км од Лејкленд, и се поместува со брзина од 22 км на час.
Се очекува ураганот да остане над Флорида, и да се насочи потоа кон Џорџија, Алабама, и Тенеси, така што во меѓувреме ќе ослабне до тропска бура.
Националниот центар за урагани соопшти дека Ирма и понатаму е опасен за животот на луѓето.
„Лошите вести се дека ова е некое големо чудовиште“ - рече американскиот претседател, Доналд Трамп.
Додаде дека Ирма многу ќе чини, но за тоа сега не размислува.