29 Март, 2024
0.0249

(ВИДЕО) Дете упадна на временска прогноза и ги насмеа сите

Објавено во: Стил 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Водителот на временска прогноза Патрик Елис од Мисисипи, во САД на најдобар можен начин се трудеше да се избори со непоканетиот гостин во текот на временската прогноза. 

Детето влета во програма и почна да мавта како гулаб со рацете кон водителот, а потоа и само прогнозираше какво ќе биде времето. 

Елис објаснил за тамошните медиуми дека ова е дете на адвокат кој се појавува во емисии. 

По неполна минута на екранот се појави човек кој го зема детето. Водителот цело време со насмевка се трудеше да се справи со детето.