(ВИДЕО) ДОЖИВОТНИТЕ КАЗНИ ЗАТВОР причина за Албанци во Гњилане и Пеќ да го запалат македонското знаме
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2017
Членови на семејствата и други Албанци во Гњилане и Пеќ, јавно синоќа го запалиле знамето на Македонија, поради одлуката на правосудните власти да ги осудат дел од „кумановската група“ на доживотни казни затвор.
Во палењето на македонското знаме во Гњилане учествувале и „Јастреби“, протестирајќи поради изрекувањето на казната доживотен затвор за седуммина Албанци од Косово.
На плоштадите во Гњилане и Пеќ демонстрантите ги повикуваа Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против,како што тврдат „неправдата која ја направиле Славомакедонците“, пренесуваат приштинските електронски медиуми.
Кривичниот суд вчера осуди седум членови на „кумановската група“ на доживотни казни затвор поради тероризам. Останатите членови добија долгогодишни казни затвор.
Припадниците на „кумановската група“ и нивните помагачи, 37 од нив се обвинети за терористичките напади во кумановската Дива Населба.