(ВИДЕО) Два земјотреси, па цунами-паника на островите во Пацификот!
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017
Земјотрес со интензитет од 7 степени по Рихтер се случи во понеделникот утрото во водите на јужниот Пацифик, 82 км источно од Лојалити островите во Нова Каледонија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Забележани се цунами бранови кон Нова Каледонија и Вануату. Се очекува брановите до еден метар висина да стигнат до Нова Каледонија, а нешто пониско во Вануатуа, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.
Според нивните проценки, цунами се можни во опсег од 30 км од епицентарот.
Земјотресот се случил во 9,43 часот по локално време на длабочина од 10 км.
Претходно во таа област е забележан земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер, Засега нема податоци за материјална штета.